Меланија Трамп издејствува локален прекин на огнот во Олешки, ќе важи од 29 октомври 2026
Прекинот на огнот важи само за градот Олешки и треба да овозможи влез на хуманитарна помош и евакуација на цивили.

Белата куќа соопшти дека Меланија Трамп успеала да издејствува локален прекин на огнот меѓу Русија и Украина што се однесува исклучиво на градот Олешки и ќе стапи во сила на 29 октомври 2026 година.
Олешки, во регионот Херсон на југот на Украина и окупиран од руските сили од февруари 2022 година, се соочува со влошена хуманитарна криза, а жителите предупредуваа на недостаток на храна и други основни средства.
„Двете нации се согласија привремено да ги прекинат сите воени операции во Олешки, со цел да се овозможи влез на хуманитарна помош и да се подготви евакуација на цивилите преку одреден безбеден премин“, се вели во соопштението на Белата куќа.
Пристап до помошта и планови за евакуација
Меланија Трамп во соопштение ја опиша состојбата во градот како очајна и повика на итна помош. „Олешки е град на фронтовската линија, на работ на катастрофа. Останатото население на Олешки се главно од постари жители на кои им е итно потребна медицинска помош, лекови, храна и чиста вода“, наведе Меланија Трамп.
Во соопштението се додава дека Меланија Трамп и нејзините претставници работеле директно со украинското и руското раководство за да ги утврдат условите за локалното примирје. Според Белата куќа, во Олешки останале меѓу 1.700 и 2.000 жители — главно постари лица и околу 50 деца — наспроти речиси 24.000 жители пред војната.
Белата куќа тврди дека околу 90 проценти од градот бил поплавен по уништувањето на браната Каховка. Цивилни тимови од двете земји ќе можат да ги посетат жителите во нивните домови и да организираат превоз за оние кои сакаат да се евакуираат во Русија или Украина; тимовите ќе бидат следени од неименувана американска медиумска организација за да го документира процесот.
Овој развој следи по засилениот притисок на претседателот Доналд Трамп врз украинскиот претседател Володимир Зеленски да постигне договор со рускиот претседател Владимир Путин за крај на војните операции што започнаа со руската инвазија во февруари 2022 година. Соопштението е објавено на 23 октомври 2026 година.
Фото: прес-материјал од настанот


