Мелони: Европа мора да се договори за единствен претставник во преговорите за Украина
Италијанската премиерка побара од лидерите на ЕУ да одредат претставник и мандат пред неформалниот самит во Даблин.

Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска предупреди дека Европа ризикува да го изгуби своето значење во евентуалните мировни преговори за Украина доколку земјите членки не ги прекинат конкурентските дипломатски иницијативи и не се договорат за единствен претставник овластен да зборува во име на блокот.
Во писмо до претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, Мелони наведе дека предлагањето различни преговарачки формати ја прави Европа помалку кредибилна и создава впечаток дека таа дејствува „по случаен принцип“.
Премиерката нагласи дека не бара лично место за себе или за Италија на преговарачката маса, но истакна дека Рим нема да прифати обврски договорени без мандат од Европската Унија.
Прашувањето на дневен ред пред Даблин и декемврискиот самит
Мелони ги повика лидерите на ЕУ да одлучат кој ќе го претставува блокот во преговорите и каков мандат ќе добие тој претставник, со цел да има единствен пристап во контактите поврзани со Украина.
Таа побара ова прашање да биде разгледано на неформалниот состанок на Европскиот совет во Даблин следната недела, а официјална одлука да биде донесена на декемврискиот самит по координацијата со Велика Британија, Норвешка и другите европски партнери.
Фото: прес-материјал од настанот


