Почетна
Македонија

Мемов предлага дел од средствата од вториот столб да се вложат во државни капитални проекти

Мемов предлага законски измени за да се дозволи инвестирање на над 300 милиони евра од вториот столб и вклучување на 640 илјади осигуреници.

·Македонија
Мемов предлага дел од средствата од вториот столб да се вложат во државни капитални проекти

Директорот на ПИОМ, Мемов, предложи дел од средствата од приватните пензиски фондови во вториот столб да се вложуваат во државни капитални проекти како начин за проширување на опсегот на инвестиции и зголемување на приносите за осигурениците.

Тој нагласи дека како мерка најважно е пензиските друштва во вториот столб да можат по-слободно да инвестираат на пазарите и посочи дека „Над 300 милиони евра одат во вториот столб.“ Законот во моментов им дозволува инвестирање и на странски берзи, но според него се потребни измени за да се прошири опсегот на можности.

Конкретна алтернатива: акционерство во државни проекти

Како пример за практична апликација на идејата, Мемов предложи сите „640 илјади осигуреници може да бидат акционери во на пример Чебрен и Галиште и да добијат профит.“ Тој додаде дека треба да се обезбеди законска регулатива која ќе им дозволи на пензиските друштва да размислуваат за такви инвестиции и да зголемат уделот на акциско портфолио.

За начинот на реализација, Мемов рече дека е потребен централизиран контролен механизам: „Идејата е следна МАПАС е држвана и ќе ги контролира пласманите на тие друштва.“ Тој предложи и „презење на скалест ризик во дел на инвестирањето. Младите осигуреници ќе имаат повисок ризик, срединте помал, а трета категорија на граѓани да нема ризик," изјави Мемов.

Во врска со справувањето со сивата економија и наплатата на придонесите, тој истакна дека прибирањето на средствата од пензиот фонд ги собира УЈП и додаде: "Граѓаните треба да знаат дека сите средства на државата по основ на придонеси го има УЈП. Државата треба да си ги собере сите побарувања по основ на придонеси. Ние како ЗНАМ сме целосно кон тоа иннспекциските служби да си ја вршат својата работа."

Мемов понатаму оцени дека со промена на методологијата на наплата и инвестирање, на работодавачите ќе им биде исплатливо да ги плаќаат придонесите и ако се уплаќаат придонеси на вистинскиот износ, осигурениците ќе добијат повисока пензија. „Кога ќе се смени методологијата, на работодавачите сами ќе им биде исплатливо да ги плаќаат придонесите. Ако се уплаќаат придонеси на вистинскиот износ ќе добијат повисока пензија. Ние треба да создадеме клима работодавачите сами да исплаќаат целосни придонеси," додаде Мемов.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи