„Мета“ казнета со 25 милијарди долари за измама со лични податоци
Суд во Њу Мексико на 21 октомври наложи казна од 25 милијарди долари поради лажно информирање за пристапот и употребата на личните податоци.

Американски суд наложи на компанијата Meta, сопственик на Facebook, Instagram и WhatsApp, да плати 25 милијарди долари откако утврдил дека ги доведувала корисниците во заблуда во врска со заштитата на нивните лични податоци. Одлуката ја донел судија во сојузната држава Њу Мексико на 21 октомври по судска постапка поврзана со скандалот „Кембриџ аналитика“.
Поротата утврди дека компанијата направила повеќе од 43 милиони прекршувања на законите за заштита на потрошувачите и дека давањето погрешни информации за тоа кој има пристап до податоците и како тие се користат траело со години. Судот првично пресметал дека казната би можела да надмине 219 милијарди долари, но судијата ја намалил на 25 милијарди долари.
Реакции и правен расплет
Обвинителството нагласи дека практиките на компанијата довеле до сериозни повреди на приватноста. Од Meta најавија жалба на пресудата, тврдејќи дека одлуката е „правно неоснована“ и дека изречената казна е „непропорционална“. Поради поднесената жалба, конечниот износ што компанијата ќе треба да го плати сè уште е неизвесен.
Случајот е поврзан со аферата Кембриџ аналитика, во која беа злоупотребени податоците на дури 87 милиони корисници на Facebook — настан што беше главен елемент во судската постапка што заврши со оваа одлука во Њу Мексико.
Според законите на Ново Мексико, доколку пресудата стане правосилна и средствата бидат наплатени, тие ќе бидат наменети за образовниот систем на сојузната држава.
Фото: прес-материјал од настанот


