Почетна
Политика

Мицкоски ќе бара купувач за Алта банка, СДСМ обвинува за заташкување на криминал

Премиерот ќе преговара со финансиски институции додека опозицијата го обвинува за обид да се сокрие криминал.

·Политика
Мицкоски ќе бара купувач за Алта банка, СДСМ обвинува за заташкување на криминал

Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека во следните денови заедно со гувернерот Славески и со министерката за финансии Кочоска ќе бараат инвеститор кој би ја купил Алта банка, додека опозицијата СДСМ тврди дека зад најавата се крие обид за заташкување на криминал.

„Следните неколку денови заедно со гувернерот и со министерката за финансии ќе имаме средба односно средби со повеќе финансиски институции кои што би можеле да бидат потенцијални купци на самата банка,“ изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Нејасна понуда од Белград

Сè уште нема јасен јавен одговор дали Агенцијата за осигурување на депозити во Србија ги понудила акциите на Алта на продажба; според објави, за тој процес агенцијата имаше рок до вчера, но ниту од Белград, ниту од Народната банка на Република Северна Македонија (НБРМ) не е доставена конкретна потврда.

Од СДСМ реагираа остро: според партијата, оние кои донесоа одлуки што овозможиле влез на Алта банка сега најавуваат продажба за да се прикрие одговорноста.

„Сега тие кои ги носеа штетните одлуки кои овозможија влез на Алта банка најавуваат продажба на нов сопственик. Целта е да се заташка работата и да не се открие криминалот,“ изјави Богданска Кузеска, портпарол на СДСМ.

Алта банка влезе на македонскиот пазар на крајот од минатата година преку преземање на Стопанска Битола. Проблемите се појавија откако неодамна Народната банка во Србија ѝ ја одзеде дозволата за работа на Алта Белград, што го стави во прашање и продолжувањето на активностите на банката во Северна Македонија.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи