Почетна
Политика

Мицкоски: лице од Черкези му упатило навреди и закани дека ќе го коле на плоштад

ОЈО Куманово поведе постапка против 39-годишник; обвинителството предупредува на ризик од ескалација.

·Политика
Мицкоски: лице од Черкези му упатило навреди и закани дека ќе го коле на плоштад

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека лице од селото Черкези му упатило навреди и закани на социјалните мрежи, меѓу кои и порака дека „ќе ме колел на плоштад“. Осомничениот е приведен, а предметот го презеде Јавното обвинителство во Куманово.

Обвинителството поведе постапка; проценуваат ризик од ескалација

Мицкоски рече дека за пораките дознал вчера и очекува надлежните институции да го расчистат случајот. „Вчера дознав за тие закани кои се напишани на социјалните медиуми од ова лице, дека сум бил свиња и дека ќе ме колел на плоштад, а упатил и пцовки кон мене и моето семејство.“

„Јас сум сепак институција. Кога не би било ова, знам како се решаваат тие работи, но претпоставувам дека институциите си ги презеле своите надлежности и преку Министерството за внатрешни работи го обезбедиле лицето .Се надевам дека понатаму правосудниот систем ќе го спроведе истото и ќе му каже што му е местото“, изјави Мицкоски.

Јавното обвинителство во Куманово поведе постапка против 39-годишник од село Черкези поради загрозување на сигурноста на премиерот. Обвинителите наведоа дека осомничениот е извршител и на други кривични дела — меѓу кои насилство и лихварство — и дека има голем број прекршоци за нарушување на јавниот ред и мир.

Обвинителството дополнително го опиша лицето како конфликтна личност која влегува во постојани расправии, закани и физички пресметки со пријавители и оценува дека постои реален ризик таквите агресивни испади да прераснат во потешки кривични дела со животозагрозувачки последици. Лицето е задржано во притвор додека трае истрагата.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи