Почетна
Политика

Мицкоски: Не бараме Европа да избира меѓу Македонија и Бугарија, туку европските принципи да важат еднакво за сите

На академијата во Куманово тој го бранеше достоинството и побара правична европска рамка во односите со источниот сосед.

·Политика
Мицкоски: Не бараме Европа да избира меѓу Македонија и Бугарија, туку европските принципи да важат еднакво за сите

Премиерот Христијан Мицкоски на свечената академија во Куманово по повод 11 Октомври — Денот на народното востание, го повика народот на национално единство, заштита на достоинството и барање еднакви европски принципи во односите со соседите.

Настанот на Спомен‑костурницата, под слоганот „Идеали што градат иднина“, Мицкоски го искористи за да потсети на жртвите и обврските кон идните генерации. "Денес стоиме пред историјата на еден народ кој низ вековите поминал низ премногу искушенија, премногу неправди, премрежија, но никогаш не се откажал од своето право да биде слободен, да биде свој, да има сопствен дом и сопствена држава," рече премиерот.

Достоинството не е предмет на преговарање

Во своето обраќање тој повика на надминување на поделбите и на соочување со слабостите, истакнувајќи дека државата се брани со принципи, вера и резултати, а не со навреди и договори под маса. "Државата е ветување кон секој граѓанин дека неговата иднина нема да зависи од нечии лични интереси, туку од неговата работа, неговото знаење и неговите способности. И токму тука лежи нашата најголема одговорност. Да изградиме татковина која нема само да ја слави својата историја. Туку држава која ќе создава нови победи за историја. Историја на економски успех, на институционална правда, на национално достоинство. Историја на развој и напредок," порача тој.

Мицкоски осврна и на отвореното прашање со источниот сосед, нагласувајќи дека македонската идентичност не може да се третира како предмет за тргување. "Нема да ја градиме иднината врз омраза. Нема да ги претвораме разликите во непријателства. Нема да дозволиме минатото да биде пречка за соработка. Но нема ниту да се откажеме од сопственото достоинство. Бидејќи вистинското пријателство не бара откажување од себе. Вистинското пријателство се темели на заемна почит. И вистинската европска иднина мора да биде иднина во која државата ќе влезе со исправена глава. Не со чувство на пораз. Туку со чувство на припадност," рече премиерот.

Тој ги повика европските институции на праведна примена на правилата: "Со нашиот источен сосед нè поврзуваат соседството, историјата и иднината на овој регион. За минатото можеме да имаме различни толкувања. За иднината мора да имаме заедничка одговорност – да изградиме односи во кои никој нема да мора да го негира другиот за да се потврди себеси. Нашиот јазик не е пречка за европската иднина. Тој е дел од европското културно богатство. Нашиот идентитет не е проблем што треба да се реши, туку достоинство што треба да се почитува. Не бараме Европа да избира меѓу нас и нив. Бараме европските принципи да важат еднакво и за сите. Не сакам генерациите што доаѓаат да ја наследат нашата недоверба. Сакам да ја наследат нашата храброст да ги решаваме проблемите," истакна Мицкоски.

Во заклучок, премиерот повика на амбициозни национални цели и јасни акции: "Време е за големи одлуки. Време е за големи дела. Време е за нова национална самодоверба." Тој нагласи дека државата не треба само да опстојува, туку да создава услови за развој, правда и достоинство кои ќе им останат на идните генерации.

Фото: Влада на Република Северна Македонија, Сектор за односи со ј

Поврзани написи