Почетна
Македонија

Милошески: Замена на влезници за алки беше договорна обврска за концертот на Дејвид Гета

Организаторот Avalon вели дека наруквиците се договорена мерка за побрз и поефикасен влез на 50.000 посетители.

·Македонија
Милошески: Замена на влезници за алки беше договорна обврска за концертот на Дејвид Гета

Настапот на светскиот диџеј и продуцент Дејвид Гета утре (8 септември) ќе означи кулминација на програмата за 35‑годишнината од независноста и ќе се одржи на стадионот „Тодор Проески“ во Скопје, каде што се очекуваат околу 50.000 гледачи — што ја прави организацијата настан со големи логистички предизвици.

Бобан Милошески, сопственик на продукциската куќа Avalon и организатор на концертот, го оцени настанот како еден од најголемите музички настани на Балканот во тековната година, споредувајќи го со концертот на Metallica во Атина во мај.

Милошески објасни дека замената на хартиените влезници со наруквици за пристап била дел од договрените обврски при ангажманот на изведувачот.

„Кога се работи настан од нивото на ‘Full Monolith Stadium Show‘ на Дејвид Гета, се разбира дека има многу правила и протоколи што ги имаме прифатено при самото потпишување на договорот. Правиме шоу за 50.000 луѓе, па мора да им овозможиме на посетителите што е можно полесно и поквалитетно да присуствуваат на овој настан“, рече Милошески.

Процедура за замена на влезници

Организаторот нагласи дека без замената нема да може да се спроведе настанот поради времето и капацитетите за влез: „Од самиот почеток бевме свесни дека ако нема замена на влезници за алки, ќе нема концерт. Ако нема алки, ќе биде потребно чекирање на влезниците на врата, а од наше искуство и од многу помали капацитети, тоа одзема неверојатно многу време. Така што, ова со алките треба да се сфати како една неминовност за одржување на концертот во интерес на времето и поради инфраструктурата за влез каква што ја има стадионот“, објасни Милошески.

Сите што имаат влезници за Дејвид Гета мора лично да ги заменат за наруквици. Вратите на стадионот ќе бидат отворени од 17 часот, до кога замените за алки ќе се вршат на посебни пунктови во Градски парк.

Министерството за внатрешни работи изготви посебен план за физичко и сообраќајно обезбедување на настанот и е предвиден посебен режим на сообраќај кон арената „Тодор Проески“. Владата сè уште не соопшти колкав е вкупниот трошок за одбележувањето на 35‑годишнината од независноста.

Фото: К. Попов)

Поврзани написи