Почетна
Македонија

Министерството за економија и труд ќе иницира координација за решавање на проблемот со придонесите за занаетчиите

По измените во Законот објавени во Службен весник бр. 148 на 6 јули 2026 година, Министерството ќе работи со УЈП и Министерството за финансии за исправка на евиденцијата.

·Македонија
Министерството за економија и труд ќе иницира координација за решавање на проблемот со придонесите за занаетчиите

Министерството за економија и труд најави дека ќе иницира координација со Управата за јавни приходи (УЈП) и Министерството за финансии со цел да се отстранат пречките кои по воведувањето на новиот начин на пресметка на придонесите оставија повеќе од 3 000 самовработени занаетчии без здравствено осигурување.

Измените објавени во Службен весник

Од Министерството потсетуваат дека измените во Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, објавени во „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 148 од 6 јули 2026 година, го пренесоа на УЈП обврската за пресметка на придонесите за самовработените лица кои данокот на личен доход го плаќаат според паушално утврден нето-доход, додека правото и должноста за уплата остануваат кај самите лица.

Министерството посочува дека проблемот е евидентиран во јули, откако УЈП почна да ги испраќа МПИН-декларациите на личните броеви (ЕМБГ) на занаетчиите, наместо на единствениот даночен број (ЕДБ) и називот на дуќанот, поради што уплатите не се евидентираа правилно и значителен број занаетчии останаа без здравствено осигурување.

„Министерството за економија и труд е запознаено со предизвиците со кои во изминатиот период се соочуваат дел од самовработените лица – занаетчии, особено во однос на  генерирањето и плаќањето на обврските за придонеси од задолжително социјално осигурување“, велат од Министерството.

Од Економија и труд очекуваат Занаетчиската комора официјално да достави конкретни забелешки и проблеми од своите членови, за да може институционално да ги разгледа прашањата и, во координација со УЈП и Министерството за финансии, да работи на нивно надминување.

Како што додаваат, Министерството останува отворено за дијалог со Занаетчиската комора и со сите засегнати страни и ќе продолжи активно да се вклучува во наоѓање решенија кои ќе овозможат непречено функционирање на занаетчискиот сектор. По законските измени, занаетчиите треба придонесите за здравствено и пензиско осигурување, персонален данок и плата да ги уплаќаат од лична сметка, а не од сметката на дуќанот каде што работат и кој месечно ги генерира приходите.

Фото: Архива на

Поврзани написи