Мистериозна торба во Оален се покажа како реалистична кукла, не човечки останки
Полицијата во Оален отвори истрага за можно убиство по пронаоѓање торба што личела на човечки останки, но форензичката проверка покажа дека „жртвата“ е кукла.

Австралиската полиција во Оален, градче на околу 200 километри југозападно од Сиднеј, започна истрага за можно убиство откако торба пронајдена во населбата на прв поглед личела на пакет со човечки останки, но подоцнежната форензичка анализа покажа дека „жртвата“ всушност била исклучително реалистична кукла.
Полицијата пристигна на местото и го третираше како можно место на злосторство; содржината на торбата не беше детално прегледана веднаш на терен.
Подоцна, при форензичката анализа, беше утврдено дека во торбата нема човечко тело.
Станувало збор за многу реалистична кукла, облечена, со коса и пирсинг на носот. На неа имало и ознаки што личеле на модринки и гребнатини.
Истражната постапка прекината
„Предметот бил многу реалистичен, во смисла дека изгледал како човечки останки“, изјави полициската надзорничка Линда Бредбери, додавајќи дека офицерите на местото не сакале дополнително да го нарушуваат она за што во тој момент верувале дека се човечки останки. На нивната постапка влијаеле и лошите временски услови.
Откако форензичарите потврдија дека не се работи за човечко тело, истрагата за можно убиство беше прекината.
Фото: Принтскрин