Почетна
Македонија

Митовски: Над 15 часа се бориме со пожар на депонијата во Крива Паланка

Градоначалникот Сашко Митовски соопшти дека пожарот на депонијата трае повеќе од 15 часа и дека во гаснењето се вклучени служби, општина и доброволци.

·Македонија
Митовски: Над 15 часа се бориме со пожар на депонијата во Крива Паланка

Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, во видео-обраќање на Фејсбук соопшти дека депонијата за комунален отпад во непосредна близина на општината гори повеќе од 15 часа и дека се интензивно се работи на гаснењето.

Пожарот бил регистриран вчера околу 18 часот, а според Митовски, ситуацијата е во поголем и посериозен обем отколку што првично изгледало.

Градоначалникот ги опиша ангажираните служби и потешкотиите во гасењето:

Акција на служби, општини и доброволци

„Во текот на ноќта, односно повеќе од петнаесет часови тука активно се случеа од противпожарната единица од Крива Паланка, вработени во јавното претпријатие 'Комуналец', на помош ни дојдоа и од нашата соседна општина Ранковце, самоиницијативно се вклучија и неколку компании во акцијата. Она што можам да го кажам е дека пожарот е од малку поголем и посериозен обем и покрај гаснењето со вода, потребно е и поголема количина на земјен материјал“, рече Митовски.

Тој апелира до населението да има разбирање за непријатната миризба и чадот што се шири. „Искрено очекувам дека до крајот на денов ќе успееме да се справиме со овој сериозен предизвик, бидејќи во функција се ставени сите служби“, додаде Митовски и им се заблагодари на волонтерите кои се вклучија.

Градоначалникот најави дека ќе известува навремено за секоја нова состојба.

Според пресекот на Центарот за управување со кризи, до 13 часот пожарот сѐ уште беше активен на излезот од градот, на локацијата која претставува депонија.

Фото: принтскрин

Поврзани написи