Митровденска задушница: спомен за покој на починатите
Верниците служат литургија, одат на гробишта со пченица и осветено лепче и даваат милостиња во саботата пред Митровден (08 ноември).

Православните христијани денеска ја одбележуваат Митровденската задушница, ден посветен на спомен и молитва за упокоените.
Литургија, посетa на гробиштата и милостиња
Црквата има утврдени посебни денови наречени задушници, кога верниците се молат за покој на душите на починатите. Задушница е секогаш в сабота — денот што црквата го одредила за помен и за заступништво кон упокоените.
На овој ден верниците присуствуваат на литургија и парастос. Се посетуваат гробиштата каде се изведува помен и се оставаат пченица и лепче осветено со црвено вино како знак на спомен. На Задушница се дава и милостина за сиромашните и се врши молитва за покој на душите на упокоените.
Митровденската задушница секогаш паѓа во саботата пред празникот Митровден. Таа е востановена во XIV век и потекнува од руска традиција, од каде подоцна преминала во повеќето православни цркви.
Во почетокот оваа задушница служела за спомен на православните војници што паднале во битка, меѓу кои биле и двајцата монаси Александар Пересвјат и Ослабја од Московската обител на Живоначалната Троица, кои загинале за верата и татковината. По победата на битката на Куликовското поле во 1380 година, Димитриј Јованович Донски ја посетил нивната света обител и предложил оваа годишна помен‑служба да се одржува секоја година во Митровденската сабота — односно во саботата која е најблиску до празнувањето на св. вмч. Димитриј (08 ноември).
Од тогаш Црквата ја вброила оваа задушница меѓу вселенските родителски саботи, а подоцна таа се проширила така што во неа се прави помен не само за паднатите за верата и татковината, туку за сите починати.
Фото: прес-материјал од настанот


