Почетна
Свет

Моџтаба Хамнеи останува невиден шест месеци по почетокот на војната

Владеењето "од сенка" и недостатокот од фотографии и аудиоснимки ја зголемуваат несигурноста околу континуитетот на врховната власт.

·Свет
Моџтаба Хамнеи останува невиден шест месеци по почетокот на војната

Шест месеци по воздушните напади што ја започнаа војната и според извештаите оставија тешко повреден Моџтаба Хамнеи, тој и натаму останува целосно невидлив за Иранците и за светот. Поради тоа расте загриженоста за неговата здравствена состојба и практичната улога на врховното водство во момент кога земјата мора да носи критични одлуки поради конфликтот што ги запали Блискиот Исток и ја уништи веќе кревката економија.

Доналд Трамп неодамна кажа дека Моџтаба Хамнеи е жив, но тешко повреден и обезличен. Иранските функционери, сепак, тврдат дека поради безбедносни причини тој владее од сенка додека се опоравува од раните здобиени во нападот во кој загина неговиот татко Али Хамнеи, и дека одржува редовни средби и ги следи главните извештаи.

Не е објавена ниту фотографија, ниту видео, ниту аудиоснимка од неговото назначување во март — една недела по почетокот на војната — и единствените пораки што му се припишуваат беа неколку писмени изјави прочитани преку државните медиуми. Тоа отсуство од јавноста ги продлабочува сомнежите во земјата каде што гласот на лидерот по правило е апсолутен.

Питачиња за континуитетот и командата

„Прашањето повеќе не е дали Моџтаба е жив, туку дали Иран сè уште има функционален врховен лидер“, рече Алекс Ватанка од Институтот за Блиски Исток во Вашингтон. Таа оцена ја илустрира ширината на стравувањата за тоа кој во практиката донесува одлуки за стратегијата, дипломатијата и внатрешното управување.

Високорангирани функционери и други инсајдери објаснуваат дека отсуството од јавноста е мотивирано од страв од атентат и од строга контрола на информациите: само мал круг лица има директен контакт и деталите се тесно чувани. Сепак, лица блиски до тесниот круг на Хамнеи велат дека неговото здравје значително се подобрува и го опишуваат како бистар и вклучен во донесувањето одлуки. Во меѓувреме, иранската војска ја задржува способноста да го блокира извозот на енергенси и да напаѓа сојузници на САД во Заливот, што ѝ дава продолжена улога во регионалниот судир.

Фото: АП)

Поврзани написи