Монголија нареди засилен надзор на границата со Русија по смртта во Иркутск
Улан Батор нареди здравствени проверки по смртта на лаборантка во Институтот за чума во Иркутск; руските власти не пријавуваат потврдени случаи.

Монголските власти наредија мерки на претпазливост и засилен надзор долж границата со Русија по смртта на лаборантката во Институтот за борба против чума во Иркутск.
Минитерството за здравство на Монголија соопшти дека преземените чекори се претпазливи и дека ризикот за населението е низок, но дека треба да се внимава. „На границата се спроведуваат мерки за здравствен надзор и контрола, додека граничните операции продолжуваат без други промени“, се наведува во соопштението на монголското Министерство за здравство.
Контакти и известување
Монголските здравствени власти воспоставиле контакт со Институтот во Сибир, а руските власти го информирале Улан Батор дека не е потврден ниту еден случај на чума во Иркутска област.
Руската агенција за јавно здравје Роспотребнадзор соопшти дека по смртта на лаборантката нема епидемиолошки ризик за населението на источносибирската Иркутска област. Тие наведуваат дека ја известиле Светската здравствена организација, а лицата кои биле во контакт со починатата биле тестирани; резултатите не покажале знаци на инфекција или присуство на опасни патогени.
Друга соседни земји на Русија веќе претходно ги засилија санитарно-епидемиолошките контроли на граничните премини. Киргистан, Таџикистан, Узбекистан и Казахстан пред неколку денови воведоа засилени мерки по информациите за можен случај поврзан со чумата во Иркутск.
По смртта на Дарја Шипилова се појавија шпекулации дека таа се заразила со белодробна чума откако скршила епрувета со бактеријата Јерсиниа пестис, но досега властите не потврдија инфекција.
Фото: прес-материјал од настанот


