Почетна
Македонија

Мосад им помогнал на македонските и грчките безбедносни служби да спречат план за атентат врз израелски директор

Мосад и македонските и грчките служби го спречија заговорот поврзан со ирански прокси — АНБ именува ирански државјанин како организатор.

·Македонија
Мосад им помогнал на македонските и грчките безбедносни служби да спречат план за атентат врз израелски директор

Израелската разузнавачка служба Мосад учествуваше во спречувањето на план за атентат, поврзан со Иран, чија цел бил израелски директор лоциран во Грција, во операција спроведена во соработка со македонските и грчките безбедносни служби. АНБ соопшти дека истрагата разоткри прокси-мрежа поврзана со ирански државјанин.

Претреси и апсења во земјава

Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и Бирото за јавна безбедност (БЈБ) наведоа дека во случајот се опфатени вкупно шест македонски државјани на возраст од 29 до 73 години, од Скопје и Куманово, кои преку директни насоки од ирански државјанин преземале подготвителни логистички активности за извршување на терористички акт – атентат врз претходно дефинирано лице лоцирано во Грција.

При претреси на четири локации во земјава уапсени се четири лица. Петтото лице било лишено од слобода во Грција и веќе ѝ е предадено на македонските власти, додека по шестото лице, за кое има сознанија дека се наоѓа надвор од државата, активно се трага.

При претресите биле одземени повеќе електронски уреди, меѓу кои мобилни телефони, лаптопи и персонални компјутери, USB мемориски уреди, тефтери со контакти, скици со означени локации, како и огнено оружје и муниција кои биле поседувани без соодветна дозвола.

АНБ го идентификува иранскиот државјанин како Едрис Џахангири Маванех и посочи дека тој е поврзан со други прокси-актери на иранските безбедносно-разузнавачки служби, меѓу кои и наркобосот Наџи Шарифи Зиндашти.

Според јавни извештаи, цел на планираниот напад бил израелски директор во компанија со седиште во Грција, а потенцијални цели биле и еден или повеќе израелски бизнисмени; на неколкумина Израелци однапред им било советувано да преземат дополнителни безбедносни мерки. Случајот доаѓа по серија спречени заговори во Тајланд и Индија кои службите ги поврзуваат со ирански актери.

Фото: EPA/ATEF SAFADI

Поврзани написи