Почетна
Македонија

Муцунски и Ивановиќ во Скопје: евроинтеграцијата и нова авионска линија

Средбата во Скопје, во годината на 20-годишнината од дипломатските односи, ја потврди пријателската соработка и договорот за нова линија.

·Македонија
Муцунски и Ивановиќ во Скопје: евроинтеграцијата и нова авионска линија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски оствари средба во Скопје со вицепремиерот на Црна Гора задолжен за европски и надворешни работи, Филип Ивановиќ, на која главни теми беа европската интеграција, реформските процеси и продлабочувањето на билатералната соработка.

20 години дипломатски односи и нова авиолинија

Средбата се одржа во годината кога се одбележуваат 20 години од воспоставувањето дипломатските односи меѓу двете земји. Соговорниците потврдија високото ниво на пријателски односи, меѓусебната доверба и сојузништвото во НАТО, како и заедничката определба за стабилен и европски интегриран Западен Балкан.

Како што соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, во разговорите било нагласено дека пристапувањето кон Европската Унија треба да се одвива врз основа на заслуги и спроведени реформи.

Во рамки на разговорите било договорено и денешното финализирање на договорот за воведување нова авионска линија меѓу двете земји, што ќе придонесе за побрзо поврзување и развој на соработката во областа на економијата.

Исто така, на состанокот беше посочено дека натамошно ќе се унапредува соработката во инфраструктурното поврзување, енергетиката и туризмот, како дел од пошироките напори за јакнење на регионалната соработка.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи