Почетна
Македонија

Мухамет Муртези, претседател на Советот на Чаир, поврзан со здружение на египетската листа на терористички организации

Одлуката ги опфаќа 35 организации и 36 лица; официјална потврда за идентичноста на здружението од С. Македонија засега нема.

·Македонија
Мухамет Муртези, претседател на Советот на Чаир, поврзан со здружение на египетската листа на терористички организации

Кривичниот суд во Каиро во одлука со важност од пет години го внесе и здружение од Северна Македонија на списокот на организации и лица означени како терористички, а за лидер на тоа здружение се наведува Мухамет Муртези — претседател на Советот на Општина Чаир и кадар на партијата Влен, коалициски партнер во Владата.

Муртези ја врши функцијата претседател на Советот на Чаир со мандатот од 2025 до 2029 година, и на локалните избори во октомври 2025 година беше дел од советничката листа на Влен за оваа општина. На неговиот фејсбук-профил се објавени и фотографии на кои е заедно со Изет Меџити, градоначалникот на Чаир и еден од лидерите на Влен.

Објави на социјалните мрежи и правните последици

На социјалните мрежи Муртези упатувал поддршка за протестите во Албанија, критикувајќи ја владата на албанскиот премиер Еди Рама и изразувајќи надеж дека неговата политичка ера наскоро ќе заврши. „Дали ерата на Еди Рама навистина ќе заврши наскоро и дали целото ова насилство што се случува на улиците на Албанија ќе заврши, останува да се види. Се надевам дека оваа среќна вест ќе дојде утре“, пишува Муртези во објава на неговиот фејбук-профил.

Одлуката на Вториот кривичен округ на Кривичниот суд во Каиро опфаќа вкупно 35 организации и 36 физички лица. Постапката е водена во предмет број 11108 од 2026 година, а решението е објавено во египетскиот службен весник Ал-Вакаи ал-Масрија. Мерките предвидуваат забрана за активности, замрзнување на средства и имот, како и ограничување на финансирање, собирање на средства и промовирање во согласност со египетското законодавство.

На листата се наведени организации од Европа, меѓу кои се Советот на европските муслимани, Европскиот совет за фатви и истражувања и Европскиот совет на имами, како и повеќе исламски здруженија што дејствуваат во Велика Британија, Франција, Германија, Швајцарија, Шведска и Италија. Во документите е користен арапскиот назив „Таджаму ал-Шабаб ал-Ислами“, што во превод значи „Исламско младинско здружение“.

Сепак, засега нема официјална потврда дека арапското име наведенo во египетската одлука се однесува на истото правно лице регистрирано во Северна Македонија. Јавно достапните податоци во Централниот регистар покажуваат регистрирано здружение со име „Исламски младински форум – Скопје“, чиј транслатиран назив е сличен на арапскиот термин, но идентификацијата не е формално потврдена.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи