Мухарем Сербезовски доби бакшиш од 20.000 евра за една песна
Фолк-легендата од Скопје беше снимена додека ги брои и става на маса големите банкноти по настапот за Сораја Вучелиќ.

Пејачот Мухарем Сербезовски, роден во скопската населба Топана, повторно привлече внимание откако се појави снимка на која добива неверојатен бакшиш од 20.000 евра за една песна на приватна прослава.
Сербезовски пред триесеттина години го напушти Скопје и се пресели во Сараево, но неговите песни останаа дел од регионалната музичка традиција — меѓу најпознатите се „Црнокоса Хатиџе“ и „Зашто су ти косе побелеле, друже“. Тој исто така има објавено неколку романи.
Снимката ја објави Сораја
На видео снимено и поставено на Инстаграм од Сораја Вучелиќ се гледа како пејачот со тешкотија ги држи банкнотите и подароците во џебовите, а дел од парите ги остава на маса. Во извештаите од регионот се наведува дека во прашање биле банкноти од 200 и 500 евра.
Според регионалните медиуми, настапот бил на приватна прослава и Сербезовски заработил 20.000 евра за само една испеана песна, за која се шпекулира дека била порачана од новопечената мајка.
Сораја Вучелиќ се породи на почетокот од годината и ја нарече дека синот ѝ се вика Кан; од тогаш таа ретко се појавува на социјалните мрежи. Таа не го откри идентитетот на партнерот со кого го доби синот, а се шпекулира дека во прашање е богат бизнисмен од Хрватска кој тргува со скапи автомобили. Сораја вели дека ужива во мајчинството и ги променила навиките по породувањето.
Клипот предизвика лавина реакции под објавите на Сораја и ја потсети јавноста на долготрајната кариера на Сербезовски како скопска и југословенска фолк-личност.
Фото: Принтскрин/ ТикТок


