Муртезани ја презема функцијата амбасадор во НАТО
Орхан Муртезани е назначен за постојан претставник во НАТО; тој е меѓу деветтемина кандидати потврдени од Владата во февруари.

Поранешниот министер за европски прашања Орхан Муртезани ја презема функцијата амбасадор и постојан претставник на Република Северна Македонија во НАТО, што тој го потврди во објава на социјалните мрежи. Муртезани е еден од деветтемина нови амбасадори чиј имински предлог беше потврден на владина седница во февруари годинава.
Владата именуваше девет нови пратеници во странство
На списокот на избрани амбасадори беа меѓу другите: Ефремов во Бугарија, Муртезани во НАТО, Мангова во Лондон и Атанасов во Романија. Со назначувањето, Муртезани ќе ја претставува земјата пред Алијансата во нејзиното седиште.
Во објавата на Фејсбук Муртезани напиша: „Нова должност, иста одговорност. За мене ова е ново професионално поглавје, но истовремено и продолжение на истата определба – Северна Македонија да биде сигурна дома, кредибилен сојузник и држава која има свој глас и придонес во евроатлантското семејство. Особено денес, кога безбедноста не може да се зема здраво за готово, членството во НАТО носи и привилегија и одговорност“.
Муртезани беше министер за европски прашања во периодот од јуни 2024 до декември 2025 година. Тој беше разрешен без образложение по локалните избори во 2025 година, во време кога неговиот сопартиец од Влен, Изет Меџити, го освои градоначалничкото место во Чаир и ја напушти функцијата министер за животна средина. На местата во Владата беа избрани Беким Сали и Мухамед Хоџа.
По разрешувањето од министерската функција, премиерот Христијан Мицкоски најави дека Муртезани ќе биде дел од неговиот кабинет со задача да го следи реализирањето на Реформската агенда.
Фото: прес-материјал од настанот