МВР: 11 возачи лишени од слобода поради безобѕирно управување со моторно возило
Пет возеле без положен возачки испит, три под дејство на алкохол, двајца со забрана и еден за пречекорување на брзина

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во текот на изминатото деноноќие на различни локации во државата биле лишени од слобода 11 возачи поради сомнеж за сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“.
Според МВР, меѓу приведените се забележани повеќе прекршоци: петмина управувале возило без положен возачки испит, тројца биле под дејство на алкохол, двајца имале изречена мерка забрана за управување, а еден беше задржан за пречекорена брзина.
Кои се приведените
„Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 11 возачи поради сторено кривично дело 'безобѕирно управување возило' по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, пет лица лица управувале возило без положен возачки испит и тоа: С.А. (63), М.М. (20) од с. Лисец, Тетовско, Е.Д. (28) од Штип, Ф.А. (62) од Радовиш и С.М. (36) од с. Ораовица, Радовишко, кој управувал и нерегистрирано возило и бил под дејство на алкохол“, информира МВР.
Полицијата дополни дека по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
„Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај“, повикаа од МВР.
Фото: Архива


