Почетна
Македонија

ОН: До 2100 година Македонија може да падне под 1 милион жители

Меѓународните и националните проекции предвидуваат значителен пад поради низок фертилитет и иселување на младите.

·Македонија
ОН: До 2100 година Македонија може да падне под 1 милион жители

Обединетите нации предупредуваат дека, доколку продолжат актуелните демографски трендови, населението на Македонија би можело да падне под еден милион жители до 2100 година.

Во средното сценарио на ОН, населението во 2050 година се проектира на 1,52 милиони, а до 2100 година ќе се намали за дури 52 проценти, што би оставило меѓу околу 868.000 и 943.000 жители.

Според официјалните проекции на Државниот завод за статистика, во попристапен временски рамки, ако сегашните трендови се задржат, населението до 2070 година ќе се намали за околу 30% до 35% — од почетните 1,83 милиони на околу 1,2 до 1,3 милиони жители.

Причини и сегашна слика

Како главни причини за негативните демографски трендови се наведуваат континуираниот пад на фертилитетот и интензивното иселување на младите семејства, кои заедно ја намалуваат стапката на наталитет и ја зголемуваат загубата на работоспособно население.

Иако според тековните податоци на Евростат Северна Македонија моментално има повисок удел на работоспособното население (возраст 20–64 години) од просекот на ЕУ — 59,5% наспроти 58,3% — долгорочните национални и меѓународни прогнози упатуваат на остар демографски пад во следните децении.

Со таков проектиран пад, Македонија се наоѓа меѓу земјите со најбрз темп на депопулација во Европа — на четврто место веднаш зад Украина, Албанија и Босна и Херцеговина — што ќе има импликации врз пазарот на труд, социјалните услуги и долгорочното економско планирање.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи