МВР приведе 21 возач поради безобѕирно возење
Полицијата во текот на изминатото деноноќие лиши од слобода 21 лице поради управување без лиценца, под дејство на алкохол и други прекршоци.

МВР приведе 21 возач поради безобѕирно возење
Полицијата во текот на изминатото деноноќие лиши од слобода 21 лице поради управување без лиценца, под дејство на алкохол, пречекорување на дозволената брзина и за управување и покрај активна забрана.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека на различни локации низ државата, во рок од 24 часа, биле лишени од слобода 21 возач; еден од нив бил повикан на службен разговор поради сомнеж за сторено кривично дело безобѕирно управување возило.
„Од нив, 10 лица управувале возило без положен возачки испит, и тоа: Н. М. (41) од с. Сарај, Скопско, А. Р. (25) од с. Батинци, Скопско, Х. Ш. (35) од с. Неготино, Гостиварско, 16-годишник од с. Видуше, Општина Маврово и Ростуше, А. С. (31) од с. Ковач, Оштина Македонски Брод, А. Д. (32) од с. Корошишта, Струшко, Ќ. С. (62) од Градско, Е. Ј. (27), Е. Д. (43) и Н. Ј. (22), сите од Скопје, од кои Н. Ј. возел и со брзина поголема од дозволената“, соопшти МВР.
Од ОВР Пробиштип наведуваат дека, во присуство на родител, извршиле службен разговор со 16-годишник од с. Приковци, Кратовско, поради тоа што управувал мопед без возачка дозвола.
„Под дејство на алкохол возеле 10 лица, и тоа: Д. Д. (39) од Кумановско, С. К. (40) од с. Ињево, Радовишко, Г. И. (31) од с. Дулица, Општина Македонска Каменица, О. В. (27) од Македонска Каменица, М. У. (44) од Кичево, Д. М. (24) од с. Брвеница, Тетовско, З. С. (54) од Скопје, Н. З. (64) од Битола, А. Н. (46) од Прилеп и С. Ј. (66) од с. Селце, Прилепско. Додека, пак, лицето В. Д. (37) од Македонски Брод управувал патничко возило со активна забрана за управување возило од Б-категорија“, соопшти МВР.
Од ресорното министерство појаснуваат дека по целосното документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Апел за поголема внимателност на патиштата
„Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување, или доколку се под дејство на алкохол, и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај“, наведуваат оттаму.
Фото: прес-материјал од настанот


