Нацрт‑просторниот план до 2040: „Здрава котлина“ поднесе 240 приговори
Граѓанската иницијатива бара институционални одговори и предупредува дека рударските проекти во југoистокот ја загрозуваат земјоделската дејност и животната средина.

Групата за граѓанска акција „Здрава котлина“ поднесе 240 формални приговори на Нацрт‑просторниот план на државата до 2040 година и бара институциите да се произнесат по секоја забелешка и да ги поткрепат предложените плански решенија со докази.
Главните барања и регионалните ризици
Иницијативата нагласува дека планот треба да постави развојни приоритети за следните децении, а не само да ја евидентира сегашната состојба. Без конкретни одговори, според активистите, документот ризикува да остане листа на интереси наместо стратешки водич.
„Ние очекуваме државата да си ги почитува своите закони, во таа смисла и просторниот план не е само мапирање на она што имаме, туку е и дефинирање на развојот што планираме да го оствариме во наредниот период, конкретно до 40 година. Така што манипулација е да се тврди дека мора се да внесиме, напротив ние можеме да имаме конфликтни информации за многу работи, но токму просторниот план ги решева сите овие информации се дава предност што ќе има стратешки на една страна што на друга страна“, вели Ѓорги Танушев.
„Здрава котлина“ посебно го истакнува југоисточниот регион, каде планираните рударски активности отвораат дилеми за иднината на земјоделството и заштитата на животната средина. Од иницијативата велат дека доставените приговори содржат конкретни образложенија и придружни докази кои треба да бидат разгледани од надлежните органи.
„Струмичкиот регион е премал за рударските апетити, особено во поглед на таа работа ние очекуваме да нис е одговори на 240 забелешки што ги испративме во писмена форма, да добиеме назад одговори, бидејќи тие забелешки се суштествени, таму се запишани во контекст и во законска форма и се предложени докази кои за да се оспорат мора да добиеме контра докази дека тоа што се предлага во просторниот план е издржано, во спортивно ќе излезе дека некој не ги почитува законите и веројатно ја злоупотребува службената должност и овластување“, рече Танушев.
Иницијативата ќе продолжи со активности на терен и со средби со жителите на погодените населени места, со цел граѓаните да бидат информирани за предвидените плански решенија, можните последици од рударските проекти и значењето на нивното учество во постапката за донесување на просторниот план.
Автор: Сузана Мицева
Фото: прес-материјал од настанот


