Почетна
Македонија

Екологијата, водоснабдувањето, комуналните услуги и транспарентноста меѓу главните предизвици за локалната власт во Струмица

Граѓаните и здруженијата ја оценуваат првата година од новата власт и бараат континуирани политики, поинтензивна комуникација и брзи интервенции.

·Македонија
Екологијата, водоснабдувањето, комуналните услуги и транспарентноста меѓу главните предизвици за локалната власт во Струмица

Една година по сметката на политичките промени во Струмица, очекувањата за брзи подобрувања се судираат со реалноста на наследениот долг, ограничените финансии и потребата од поагресивна имплементација на одлуките.

Граѓанските организации и жителите ги оценуваат првите 12 месеци од новата управа: признаваат некои почетни потези, но нагласуваат дека ветувањата мора да прераснат во континуирани политики и мерливи резултати во области кои директно влијаат на секојдневниот живот.

„Еве на пример за екологијата во градот. Комуналец прави некакви напори, ја затрупува депонијата, градот сепак има проблеми кои не можат наеднаш да се решат, но, останува прашањето како понатаму може тоа да се забрза со оглед на тоа дека средствата коишто општината ги издвојува за чистење, очигледно не се доволни па сега еве имаме пораст на сметките и јас лично сенадевам дека тие мали разлики можеби ќе придонесат за подобар град“, вели Ѓорги Танушев од Здрава котлина.

Отворена комуникација и брза реакција од службите

Граѓанските активисти посочуваат дека потребата од поголема отвореност кон јавноста и континуирана соработка со месните заедници е клучна. Месните заедници остануваат најдиректниот канал преку кој жителите ги пријавуваат проблемите и очекуваат конкретен одговор.

Танушев ја истакнува и техничката страна на инвестициските чекори, но предупредува да не се остане само на симболични решенија: „Она што општината во таа финансиска кирза успеа да донесе уште шест мерни индикаторски станици и да направи инвестиции за набавка на озонатор, тоа е голема работа, мора да кажам, бидејќи тоа беше една од клучните работи во изборната кампања, а проблемот со водата, бидејќи Струмица често има проблеми со водоснабдување, а особено псоле големите застои на вода пред две години мора да се внимава на тие работи. Добро е што с енабави озонаторот но д ане остане само на тоа работата. Дефинитивно ќе има и други работи, воздухот пред се, некои работи не зависат од буџетот, еве конкретно она штос е гори на дивите депонии, или оние што горат кабли, таму не треба посебен буџет. Мора инспекциските служби веднаш да реагираат и тоа е видливо за секој од нас“, вели Танушев.

Како приоритети граѓаните и организациите ја издвојуваат инфраструктурата, поддршката за малите бизниси и земјоделието, како и потребата од јасна линија за просторниот развој. За жителите суштинското прашање останува колку брзо ќе се почувствуваат промените — почист град, поефикасни услуги и повисоко ниво на транспарентност.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи