Почетна
Македонија

Одложено рочиштето за Харис Качапор, обвинет за смртта на Јорго Ќука

Рочиштето е одложено поради отсуство на судија поротник; судењето ќе продолжи на 12 ноември.

·Македонија
Одложено рочиштето за Харис Качапор, обвинет за смртта на Јорго Ќука

Рочиштето против Харис Качапор, обвинет дека на пешачки премин го усмртил поранешниот директор на ОХИС Јорго Ќука, денеска беше одложено поради отсуство на судија поротник кој бил на боледување.

Судењето продолжува на 12 ноември.

Како се случи несреќата

Качапор е обвинет за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Според обвинителството, на 3 ноември лани тој возел со брзина од 62 км./ч. и на булеварот „Гоце Делчев“ кај крстосницата со „Лазар Личеноски“ на пешачки со предниот дел од возилото удрил во велосипедот на Ќука, кој починал на лице место.

На претходно рочиште обвинетиот се прознесе дека не се чувствува виновен, а одбраната тврдеше дека немало умисла.

Како причина за одложувањето судот наведе дека членот на поротата бил на боледување; нема информации за други промени во судскиот календар.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи