Почетна
Македонија

Мицкоски: До крајот на годината се очекува да завршат преговорите за новиот Клинички центар кај салата „Борис Трајковски“

Владата ги разгледува две парцели кај базенот и работи со Општина Карпош за дополнителни паркинзи пред почетокот на проектот.

·Македонија
Мицкоски: До крајот на годината се очекува да завршат преговорите за новиот Клинички центар кај салата „Борис Трајковски“

Премиерот Христијан Мицкоски очекува до крајот на годинава да завршат преговорите за локацијата на новиот Клинички центар во Скопје, во близина на спортскиот центар „Борис Трајковски“. Изјавата ја даде при промоцијата на 100 нови амбулантни возила, што се одржа на паркингот покрај салата „Борис Трајковски“.

На настанот, Мицкоски појасни дека се разгледуваат две парцели за проектот: „Едната парцела е пред базенот, кој беше оставен пред забот на времето, па сега се реконструира, а другата е зад тобоганот. Тоа се двете парцели каде би требало да биде новиот Клинички центар. Оцекувам до крајот на оваа година и тие преговири да ги завршиме“, рече тој.

Премиерот додаде дека избраната локација ќе се поврзе со постојната болница „8 Септември“, ПЕТ-центарот и поликлиниката „Букурешт“, со цел формирање на интегриран здравствен комплекс.

Паркинзи и сообраќај

Со Општина Карпош, како што информира Мицкоски, се работи на обезбедување дополнителни паркинг‑места за да се намали сообраќајниот метеж кој би можел да се појави по изградбата и ставањето во функција на комплексот. „Затоа, планираме уште сега ако да го растеретиме тој дел од предизвиците со што ќе се соочат жителите на овој дел од градот“, рече премиерот.

Досега не е соопштено финално време за почеток на градба или избран изведувач; во моментов владините приоритети се преговорите за земјиштето и подготовките на локалната инфраструктура околу „Борис Трајковски“.

Промоцијата на 100‑те амбулантни возила беше организирана паралелно со овие најави и покажа дека владата ја забрзува и опремувањето на итната здравствена служба додека се одвиваат подготовките за новиот клинички центар.

Фото: Влада

Поврзани написи