Насилство од омраза — пријава за 52-годишникот кој во Ташмаруништа за Илинден го навредуваше премиерот Мицкоски
Полицијата во Струга пријави 52-годишник, кој на 2 август бил лишен од слобода; нападот е квалификуван како насилство од омраза според Кривичниот законик.

Струшката полиција поднесе кривична пријава против 52-годишник поради вербални навреди упатени кон јавни лица, меѓу кои и претседателот на владата Христијан Мицкоски, на настанот за одбележување на Илинден во село Ташмаруништа.
"ОВР Струга поднесе кривична пријава против С.Г.(52) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“ по чл.386 став.5 од Кривичниот законик. Тој, на 02.08.2026 во 14:15 часот, во струшкото село Ташмаруништа бил лишен од слобода, по претходна пријава дека упатувал вербални навреди кон јавни лица, присутни на настан за одбележување на 2 август, соопштија од СВР Охрид."
Пријавата е квалификувана како кривично дело од омраза за кое се предвидува казна затвор од една до пет години. Според дел од информациите, осомничениот е по потекло од Кочани, но има стружка лична карта; од полицијата велат дека делото опфаќа дејствија како „малтретира друг, грубо навредува, ја загрозува неговата сигурност или врз друго лице врши грубо насилство и со тоа во јавноста предизвикува чувство на несигурност, загрозување или страв.“
"Ако делото од ставовите (1), (2) и (3) на овој член е сторено од омраза или имало за последица предизвикување на тепачка, нереди и оштетување на имот од поголема вредност, сторителот ќе се казни со затвор од една до пет години, стои во член 286 став 5 во Кривичниот законик."
По завршената истрага, струшката полиција го примени конкретниот законски став и вербалниот напад врз премиерот го оквалификува како насилство од омраза.
Инцидентот во Ташмаруништа се случи во контекст на политички критики од опозицијата за време на празничниот викенд и предизвика контрареакција од партијата на премиерот. Неколку години по ред, селото е дел од илинденската агенда на претседателот на владата и на ВМРО‑ДПМНЕ. Миомир Серафиновиќ
Фото: прес-материјал од настанот