Почетна
Македонија

Наставници и директорка пееја за учениците на „Талент шоу“ во Битола

Наставници и директорката испеаја три песни додека 50 ученици ги прикажуваа своите таленти на втората година од манифестацијата.

·Македонија
Наставници и директорка пееја за учениците на „Талент шоу“ во Битола

Наставниците и директорката на ООУ „Ѓорги Сугарев“ во Битола приредија музичко изненадување за учениците на училишното „Талент шоу“, изведувајќи три детски песни: „Боби баш ми е гајле“, „Визба стара и гитара“ и „Излажи ме уште еднаш“ од Тоше Проески.

Настанот беше одржан втора година по ред и на него учествуваа 50 ученици, кои претставија различни таленти. Наставничкиот настап се случи додека жирито одлучуваше кој ќе биде прогласен за најдобар.

Разновидни таленти на сцената

За да учествуваат, учениците мораа да го исполнуваат условот за редовно присуство на часовите и да поседуваат талент. На сцената се редеа пеење, свирење инструменти, танцување, фризерство, шминкање и изработка на накит. Имаше и драматизации целосно осмислени од децата — од текстот до кореографијата.

„Учениците беа многу посветени и креативни, па решивме да ги почестиме со песна. Додека жирито одлучуваше кој е најдобар, излеговме на сцената и испеавме три песни. Се подготвувавме и одржавме неколку проби. По настапот, родителите ни рекоа дека догодина и тие ќе пеат. Среќни сме што создадовме вистинска сплотеност помеѓу наставниците, учениците и родителите“, вели Билјана Темелкова, директорка на ООУ „Ѓорги Сугарев“.

Како што рече раководството, целта на манифестацијата е преку креативни активности да се поттикнат учениците да ја посетуваат наставата редовно и да добијат простор за развој и презентирање на своите таленти пред училишната заедница.

Фото: СДК.МК)

Поврзани написи