Почетна
Македонија

НБРМ: Македонија меѓу земјите со најниско ниво на БДП по жител, БиХ под нивото на Македонија

Според индекси на Евростат, БДП по глава на жител во Македонија изнесува 43% од просекот на ЕУ, а ценовното ниво е приближно половина од оној во ЕУ-27.

·Македонија
НБРМ: Македонија меѓу земјите со најниско ниво на БДП по жител, БиХ под нивото на Македонија

НБРМ објаснува дека Македонија спаѓа меѓу земјите со најниско ниво на БДП по жител, врз основа на последните податоци на Евростат.

„Во рамки на регионот, повеќето земји имаат повисоко ниво на БДП по жител во однос на Македонија, при што Турција, Црна Гора, Србија и Албанија се поблиску до просекот на Европската Унија", додека Босна и Херцеговина се наоѓа под нивото на Македонија, велат од НБРМ.

Како се прави споредбата

Од НБРМ појаснуваат дека БДП по глава на жител според паритет на куповна моќ (ПКМ) е мерка за БДП по жител приспособена за разликите во нивоата на цените во различните земји. На агрегатно ниво, користејќи го ПКМ како еден вид девизен курс, се врши конверзија на економските показатели изразени во национални валути во една вештачка заедничка валута. Со тоа се елиминира ефектот од разликите во нивото на цените меѓу земјите и се овозможува соодветна меѓународна споредливост на податоците за БДП. Оттука, тој претставува споредлив и хомоген показател за споредба за нивото на БДП по глава жител помеѓу одделни земји. Еуростат произведува индекси, преку коишто се согледува како одделните земји се позиционирани во однос на овој показател во однос на просекот од ЕУ-27 земјите.

„За Македонија индексот изнесува 43% и покажува дека тековно нашиот БДП по глава жител е 43% од просекот на ЕУ земјите – ова е т.н . мерка за реална конвергенција на економијата , велат од НБРМ.

Дополнително, индивидуалната потрошувачка по жител во Македонија е половина од просечното ниво во Европската Унија. Податоците покажуваат и дека просечното ниво на цени во Македонија е околу половина од просечното ниво на цени во Европската Унија: кошницата на споредливи добра и услуги која во просек чини 100 евра во ЕУ-27, во Македонија би чинела приближно 50 евра. Во споредба со другите земји, ценовното ниво во Македонија е најниско во Европа.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи