Почетна
Македонија

Новиот нацрт-закон за квалитет на амбиенталниот воздух: на терен мора да се казнуваат загадувачите

Нацрт-закон, седум подзаконски акти и ИПА-проекти треба да ги намалат загадувањата; потребна е координација и санкции на терен.

·Македонија
Новиот нацрт-закон за квалитет на амбиенталниот воздух: на терен мора да се казнуваат загадувачите

Помало загадување и поквалитетен воздух за граѓаните е целта на нацрт-законот за квалитетот на амбиенталниот воздух, заедно со седум подзаконски акти и планови за имплементација на три европски директиви, кои се финансирани преку ИПА фондовите и сега се на разгледување во Собранието.

Проектот е поддржан со вкупно 1,5 милиони евра во изминатите две години, при што беа изработени планови и програми за заштита на воздухот, како и нови законски решенија и подзаконски акти кои треба да ги усогласат националните правила со европските стандарди.

Од законодавство до примена на терен

„Со овој проект викан „смајл пеокт“ за кој беа обезбедени 1,5 милиони евра минативе две години беа работи планови и програми за заштита на воздухот а истовремено е подготвен новиот закон за амбиенталниот воздух и подзаконски акти. По овој настан следува координација меѓу ресорите и усогласување со европската директива“, рече Муамет Хоџа, министер за животна средина.

Примената на законот, истакнуваат надлежните, ќе бара интензивна координација меѓу министерствата за земјоделство, екологија и транспорт, како и конкретни инвестиции и активности на терен за да се постигнат предвидените резултати.

ЕУ амбасадорот Михалис Рокас нагласи дека законодавството е само една компонента и дека е неопходно инспекциите да казнуваат загадувачите и да се обезбедат инфраструктурни решенија.

„Ова е многу битна инвестиција во здравјето на граѓаните и е многу, битен процес во усогласувањето на законодавството на Северна Македонија со ЕУ стандардите и е клучно прашање за пристапување кон ЕУ“, рече Михалис Рокас, ЕУ амбасадор.

„Го имаме прашањето со цврстиот отпад и депониите. Се надеваме дека регионалните центри и напорите за рециклирање ќе стартуваат. Во ЕУ квалитетот на воздухот е драматично подобрен поради 400 законски акти кои ги имаме во европскиот „Зелен договор“ како и најмодерните депонии, најмодерните постројки за рециклирање, но и системот за контрола на квалитетот на воздухот и казните за загадувачите“, додаде тој.

Министерот Хоџа посочи дека е подготвен и нацрт-националниот план за квалитетот на воздухот за периодот 2027–2031 година, како и десетгодишната национална програма за контрола на загадувањето на воздухот 2027–2037 година, кои треба да ги насочат инвестициите и мерките за спроведување.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи