Почетна
Македонија

НБРМ: Основната каматна стапка останува на 4,25% поради висока неизвесност

Извршниот одбор го остави нивото на каматата непроменето поради ризиците од раст на цените на енергенсите и геополитички конфликти.

·Македонија
НБРМ: Основната каматна стапка останува на 4,25% поради висока неизвесност

Народната банка ја задржа основната каматна стапка на 4,25% на денешната седница на Извршниот одбор, повикувајќи се на најновите макроекономски показатели, очекувања и проценки за ризиците од домашното и надворешното окружување.

Монетарната политика останува претпазлива поради глобалната неизвесност

Според банката, движењата на девизниот пазар се стабилни, при што во периодот јули ̶ август Народната банка интервенирала со откуп на девизи. И покрај тоа, побарувачката од корпоративниот сектор останува повисока, делумно поради зголемените цени на енергенсите. Девизните резерви изнесуваат 5.101 милион евра и, како што истакнува банката, се во сигурната зона со 4,5 месечна покриеност на увозот на стоки и услуги.

Годишната стапка на инфлација се задржува на умерено ниво, меѓутоа во август се почувствуваат ефектите од растот на светските цени на енергенсите врз домашните цени. Извршниот одбор оцени дека сѐ уште е рано да се потврди одржливоста на трендот на забавување на инфлацијата, особено имајќи го предвид високиот степен на неизвесност во надворешното окружување.

Банката посочи дека понатамошното заострување на воените дејствија на Блискиот Исток, како и војната помеѓу Русија и Украина, придонесе за повторен силен раст на цените на нафтата и другите енергенси и за нарушувања во синџирите на снабдување, со можни пренесени ефекти врз девизниот пазар и домашните цени. Заедно со домашните фактори кои влијаат на побарувачката, овие ризици упатуваат на потреба од претпазлив пристап и оцена дека тековната поставеност на монетарната политика е соодветна.

Во однос на најновите податоци за главните макроекономски показатели, на крајот на август девизните резерви изнесуваат 5.101 милион евра и се одржуваат во сигурната зона според показателите за адекватност. Од почетокот на мај наваму девизниот пазар е стабилен; во периодот јули ̶ август Народната банка интервенира со откуп на девизи, но поради поголем обем на продажби на почетокот на годината, збирно во 2026 година банката интервенирала со нето-продажба на девизи. Промената на резервите засега е малку подобра од очекувањата во априлската проекција.

Во август 2026 година годишната стапка на инфлација изнесува 2,6% (2,3% во јули). Растот на светските цени на енергенсите се одрази преку забрзување на енергетската компонента на инфлацијата, додека остварената инфлација е нешто послаба од очекувањата во априлските проекции поради помал раст кај цените на храната. Сепак, инфлациските притисоци опстојуваат при исклучително голема променливост на увозните цени, а најновите ревизии на увозните цени релевантни за инфлацијата се нагорни.

Домашната економија останува релативно отпорна. Во вториот квартал од 2026 година реалниот годишен раст на БДП забрза и изнесува 4,3%, над априлската проекција, во дел поради зголемени бруто-инвестиции поврзани со големи инфраструктурни проекти. Кредитната поддршка е посилна од проекциите и ќе бара внимателно следење, додека растот на депозитната база засега не отстапува значајно од проектираната патека.

Народната банка ќе продолжи да ги следи внимателно домашните и меѓународните економски и финансиски движења, да ги оценува нивните ефекти врз девизниот пазар и инфлацијата и е подготвена да ги употреби сите расположливи инструменти за зачувување на макроекономската и финансиската стабилност.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи