НБРМ распиша јавна набавка за приватно здравствено осигурување на вработените
Полиса со покритие од 20.000.00 евра за 484 осигуреници; рок за понуди 14 август 2026.

Народната банка преку отворена постапка започна набавка за услуги од приватно здравствено осигурување на своите вработени.
Кој е опфатен и колкав е износот
Предметот на набавката се услуги за приватно здравствено осигурување за сите работници и четири именувани лица во Народната банка, со вкупно покритие на полисата по осигуреник во износ од 20.000.00 евра. Во вкупен опфат се 484 осигуреници.
Набавката е објавена со тоа што полисата треба да ги опфати следните услуги:
- Вонболничко лекување од сите специјалистичко-консултативни области
- Болничко лекување за сите специјалистичко консултативни области
- Операции
- Стоматологија
- Офталмологија
- Лекови
- Бременост и породување
- Останато покритие
Од Народна банка појаснуваат дека:
„Народната банка, како работодавач, обезбедува колективно осигурување за своите вработени, согласно закон и колективен договор. Согласно одредбите на колективниот договор, опфатот важи за сите вработени во Народната банка и не го заменува задолжителното здравствено осигурување – сите вработени продолжуваат редовно да го плаќаат придонесот за задолжително здравствено осигурување, согласно законот. Набавката се однесува на 12 месеци, со проценета вредност, утврдена врз основа на тековните пазарни услови. Целосната тендерска документација е јавно достапна на Електронскиот систем за јавни набавки.“ - велат од НБРМ.
Крајниот рок за доставување понуди е 14.08.2026 година. Набавката е на период од 12 месеци, а целосната тендерска документација е објавена на Електронскиот систем за јавни набавки.
Претходно, Народната банка имаше склучено договор за приватно здравствено осигурување со компанијата Makedonija Osiguruvanje – Vienna Insurance Group, договор чија цел беше обезбедување здравствена заштита и грижа за вработените.
Фото: прес-материјал од настанот