Почетна
Македонија

Нелегален ископ на песок во коритото на Вардар кај Сиричино предизвика штета

Риболовниот клуб 'Риболовец-Вардар' бара проверка на дозволите по наодот на два багери и три камиони.

·Македонија
Нелегален ископ на песок во коритото на Вардар кај Сиричино предизвика штета

Со тешка механизација бил бесправно ископуван песок од коритото на Вардар во близина на тетовското село Сиричино, што, според пријавите, предизвикало значителни оштетувања на речното корито и на околината.

За случајот алармира риболовниот клуб „Риболовец-Вардар“, кој како концесионер има обврска да го штити рибниот фонд во овој дел од реката и по пријавата од граѓанин излезе на терен.

„По пријава од граѓанин излегов на самото место и забележав нелегален ископ со два багери и три камиони од засега непозната фирма. Сметам дека е неопходно да се утврди дали работите се вршени со соодветни дозволи и согласност од надлежните институции“, вели Божидар Гроздановски од РК „Риболовец-Вардар“ од Брвеница.

Еколошки последици и побарани проверки

Клубот наведува дека ископувањето го нарушило делот од коритото и ги оштетило крајбрежните појаси, што може да доведе до засилена ерозија и до нарушување на живеалиштата на рибите и другите видови кои зависат од реката.

Риболовец-Вардар повикува надлежните инспекциски служби да излезат на терен, да ја проверат документацијата и да утврдат дали активностите биле соодветно дозволени, како и да ја проценат мерката на причинетата штета. Идентитетот на фирмата што управувала со машините засега не е познат.

Фото: Фејсбук)

Поврзани написи