Почетна
Свет

Невреме во Истанбул: улици и подвозници поплавени

По обилен дожд подвозници и улици се наполнија со вода, а итните тимови извлекоа возач и дете од потопено возило.

·Свет
Невреме во Истанбул: улици и подвозници поплавени

Обилни врнежи денеска го погодија Истанбул; улиците низ метрополата се претворија во езера, а повеќе возила останаа заглавени во надојдената вода.

По поплавување на подвозник, екипите на итната помош успеале да спасат возач и дете од возило кое било потопено. Медицинските тимови ги извлекле од водата додека нивото нагло се качувало.

Заматување на Босфор и промена на времето

Телевизијата „ТРТ хабер" јавува дека по обилните врнежи Босфор добил две бои откако калта ја заматила водата.

Центарот за координација при катастрофи извести за силни северни ветрови и за пад на температурата на воздухот за 12 степени по невремето.

Истанбул веќе беше погоден од поплави на 14 октомври кога, поради големо количество дожд, загинаа шест лица. Владините и градските служби велат дека ги следат состојбите и работат на исчистување на поплавените сообраќајници и подвозници.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи