Почетна
Македонија

Николоски ги повика инженерите и работниците од Пелагонија да се пријават во „Бехтел‑Енка“ за автопатот Прилеп‑Битола

Вицепремиерот рече дека со забрзување на изградбата ќе бидат отворени околу 1.200 нови работни места за различни струки.

·Македонија
Николоски ги повика инженерите и работниците од Пелагонија да се пријават во „Бехтел‑Енка“ за автопатот Прилеп‑Битола

Околу 1.200 нови работни места ќе се отворат ако се забрза изградбата на автопатот Прилеп‑Битола, рече денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на Саемот за вработување во Прилеп, во организација на „Бехтел‑Енка“.

Николоски ги наброја професиите кои ќе бидат потребни: градежни и сообраќајни инженери, геодети, технички и лаборантски кадар, оператори на градежни машини, возачи и друг тип на работници.

„Ова е огромна можност за млади луѓе кои завршуваат градежен или архитектонски факултет, за млади инженери, но исто така и за квалификувани и неквалификувани работници да најдат работа во рамки на овој проект, кој е од големо значење за целиот Пелагониски Регион“, кажа Николоски.

Како ќе влијае на локалниот пазар

Настанот во Прилеп ја истакна големината на побарувачката за работна сила што ќе произлезе од градежните активности на автопатот, при што се очекува вработување и на специјализирани и на општи профили.

Николоски ги повика инжинерите и работниците од Пелагонискиот регион да се пријават за работните места во рамки на проектот додека изградбата се одвива преку „Бехтел‑Енка“.

Фото: Министерство за транспорт)

Поврзани написи