Николоски: Воведувањето вињетки ќе ги поскапи патувањата
Над 70% од возилата не излегуваат од општината на регистрација, а коридорите 8 и 10 се главно транзитни, рече Николоски.

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, предупреди дека воведувањето на винетките во Македонија драстично ќе го поскапи патувањето, затоа што преку 70 проценти од возилата не излегуваат од општината во која се регистрирани. Според него, автопатите и експресните патишта ги користат не повеќе од 30 отсто од возилата во земјата.
Трошоци, транзит и распределба на товарот
"Ние правевме студија. Воведувањето на винетките во Македонија драстично ќе го поскапи патувањето, зашто преку 70 проценти од возилата не излегуваат од општината во која се регистрирани. Тоа значи дека автопати и експресни патишта користат не повеќе од 30 отсто од возилата. Кога би се вовел ваков систем, обврската би била за сите и тогаш тоа би значело сериозно поскапување на регистрацијата на возилата, имајќи предвид дека нашите два коридора, 8 и 10, се пан-европски и главно транзит се користат. Оние големи суми за патарини кога ќе ги слушнете, од кои ги градиме автопати и експресните патишта, во суштина во сериозен процент се од транзит патници, односно од патници кои не се од Македонија. На пример, коридорот 10 има 10 милиони патници годишно или околу 4,5 милиони возила, а Македонија има еден милион и 800 илјади жители, така што мислам дека е се јасно," истакна Николоски пред претставниците на Македонско-германското стопанско здружение.
Николоски нагласи дека обврската за винетка на сите регистрирани возила би значела префрлање на голем дел од трошокот врз локалните возачи кои најчесто користат општински и регионални патишта, додека дел од приходите за изградба на автопатите доаѓаат од транзитните возила на коридорите 8 и 10.
На прашање од една од фирмите дали се предвидуваат стимулативни мерки или воведување годишни винетки за компании чијшто вработени секојдневно патуваат од Скопје и назад, вицепремиерот рече дека се согласува оти идејата е добра и дека тоа може да се разгледа со Јавното претпријатие за државни патишта.
"-Се согласувам дека идејата е добра, особено за оние што имаат дневна мобилност. Можеме за ова да поразговараме со Јавното претпријатие за државни патишта," нагласи Николоски.
Изјавите ги даде при средба со претставници на стопанството; владата ќе ги разгледа можните модели за ослободувања или годишни винетки за компании во соработка со надлежната јавна институција за патишта.
Фото: прес-материјал од настанот


