Почетна
Македонија

Ниту едно стручно лице не ја објасни реалната состојба со водата во Гостивар, велат од СДСМ

Опозицијата тврди дека над 4 700 лица завршиле во болница и дека нема официјален стручен наод.

·Македонија
Ниту едно стручно лице не ја објасни реалната состојба со водата во Гостивар, велат од СДСМ

СДСМ реагираше што Гостивар веќе четврта недела е без пивка вода и побара од надлежните да ги објаснат фактите за квалитетот на водата и здравствениот ризик за граѓаните.

„Повеќе од четири недели Гостивар е без чиста вода. Повеќе од 4 700 граѓани завршиле во болница. Епидемија на жолтица. И до денес – ниту едно стручно лице од надлежна институција не излезе пред јавноста да каже каква е реалната состојба со водата. Ниту еден официјален документ. Ниту една потпишана експертска проценка“, се вели во реакцијата од партијата.

Во текстот партијата го критикуваше и составот на луѓето кои јавно ги даваат објаснувањата за кризата, наведувајќи имиња и струки: „Христијан Мицкоски – машински инженер, Панче Тошковски – правник, Стојанче Ангелов – полицаец/специјалец. Машински инженер, полицаец, правник и НВО-менаџер ни ја објаснуваат хиперхлорацијата, чистењето на цевководите, епидемијата на жолтица и квалитетот на водата за пиење. Ова е лицето на оваа Влада. Експерти за сè. Кога треба да се превземе одговорност – нема експерт, нема институција, нема потпис“, велат од СДСМ.

Министри и институции: што велат?

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, вчера рече дека квалитетот на водата во Гостивар се подобрува, но дека таа сè уште не смее да се пие. Претходно, министерот за здравство Сашо Клековски во телевизиско интервју неделава кажа дека анализата на водата за пиење во Гостивар ќе биде објавена до 20 август.

Досега, насоките од Управувачкиот комитет, со кој раководи министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, се дека водата во Гостивар може да се користи само како техничка.

СДСМ бара од надлежните што побрзо да објават официјален и потпишан стручен наод и да им дадат јасни информации на граѓаните за тоа кога водата повторно ќе биде безбедна за пиење.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи