Почетна
Македонија

Ноќна борба со пожарот во кавадаречкиот регион

Пожарот опфаќа нискостеблеста вегетација; екипите остануваат на терен, а од 18:00 ќе се вклучат и хеликоптери.

·Македонија
Ноќна борба со пожарот во кавадаречкиот регион

Огнената стихија во кавадаречкиот регион се уште не стивнува, а пожарникарите ќе го гаснат и во текот на ноќта, соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

Огнот зафатил претежно нискостеблеста вегетација, а силниот пламен што повремено се појавува е резултат на согорувањето на голем број ниски смреки.

Директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али, е на терен и заедно со Ангелов одблиску ги координира активностите за справување со пожарот.

Пак е активиран пожарот во Кавадаречко и има осомничен за потпалување.

Ресурси и засилувања на терен

Во акцијата за гаснење е вклучен и градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, кој е на терен заедно со пожарникарите. „Во гаснењето учествуваат четири „пинцгауери“, два „унимога“, камион на Шумското стопанство, два џипа и два авиони на Дирекцијата за заштита и спасување, а од 18:00 часот во акцијата ќе се вклучат и два хеликоптери на Министерството за внатрешни работи и Армијата,“ објави градоначалникот.

Али апелира до сите граѓани да покажат максимална внимателност и да избегнуваат какви било активности што можат да предизвикаат пожар, бидејќи високите температури и ветерот придонесуваат за негово брзо ширење. Пожарникарските екипи ќе останат на терен преку ноќта во обид да го спречат понатамошното ширење.

Фото: Пожар во кавадаречкиот регион - ДЗС

Поврзани написи