Почетна
Свет

Нома повторно ги отвора вратите следната недела под ново раководство

Рене Реџепи се повлече од оперативното управување, Пабло Сото е нов извршен главен готвач; Нома преминува на месечно мени и ќе работи на подобрување на условите за тимот.

·Свет
Нома повторно ги отвора вратите следната недела под ново раководство

Светски познатиот ресторан Нома од Копенхаген ќе ги отвори вратите за гости следната недела, што ќе биде прво отворање под ново секојдневно раководство откако соосновачот и главен готвач Рене Реџепи се повлече по обвинувањата за физичко и психолошко малтретирање на вработените.

Реџепи, родум од Тетово, јавно им се извини на сите засегнати за периодот додека бил на челото на кујната. Во соопштението стои дека тој нема да учествува во секојдневните оперативни одлуки, но ќе задржи креативно влијание врз проектот.

Промени во менито и начинот на работа

За извршен главен готвач е именуван Пабло Сото, кој во ресторантот работи речиси една деценија. Сото наведува дека Нома ќе го сочува препознатливиот идентитет, но ќе воведе значајни промени во функционирањето.

Една од највидливите промени ќе биде преминот од досегашните три сезонски менија на динамично менување на менито на месечно ниво. Оваа одлука е дел од подготвките за новото работно темпо и гостинотско искуство.

Раководството истакнува дека во иднина ќе биде поставен посилен акцент на подобрување на условите за живот и работа на тимот, како директен одговор на обвинувањата кои доведоа до преглед на водечките структури. Овие мерки ќе бидат приоритет при обновувањето на сервисот.

Фото: Ресторан Нома)

Поврзани написи