Почетна
Свет

Нови правила во ЕУ: ограничување на PFAS во пакувања за храна

Од денеска во цела ЕУ стапуваат на сила граници за PFAS во пакувањата за храна, што ќе го погоди најмногу пакувањето за брза храна.

·Свет
Нови правила во ЕУ: ограничување на PFAS во пакувања за храна

Во Европската Унија од денеска стапуваат на сила нови правила што го ограничуваат присуството на PFAS-соединенија во пакувањето за храна, со цел да се намали внесот на овие постојани хемикалии во производите со кои секојдневно се среќаваат потрошувачите.

Најголемо влијание ќе имаат пакувањата за храна за носење и за брза храна: кутии за хамбургери и помфрит, хартиени кеси за ќебапи и хартија за пекарски производи, кои досега често користеа PFAS поради нивната отпорност на маснотии и влага.

Кои се новите граници?

Според правилата, на пазарот во цела територија на ЕУ не смее да се става амбалажа за храна која содржи PFAS во концентрации еднакви или повисоки од пропишаните граници. За поединечни PFAS-соединенија границата е 25 ppb, за збирот на целно анализираните PFAS‑соединенија границата е 250 ppb, додека за вкупната содржина на PFAS, вклучително и полимерните PFAS, е поставена граница од 50 ppm.

PFAS претставува скратеница за неколку илјади синтетички хемикалии кои се користат поради својството да одбиваат вода, маснотии и дамки. Поради нивната голема постојаност во животната средина, тие често се нарекуваат „вечни хемикалии”.

Производителите и трговците што нудат еднократни пакувања за храна ќе мора да ги прегледаат составите, да ги променат материјалите или да најдат алтернативи за да останат во согласност со новите барања и да продолжат да ги пласираат своите производи на пазарот на ЕУ.

Контролата и спроведувањето ќе се врши на ниво на државите членки, а очекувано е поинтензивна проверка и тестирање на амбалажата која се користи во трговијата и кај услужните објекти за храна за носење.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи