Почетна
Македонија

Новиот закон за трансплантација е донесен, но дел од измените сè уште не заживеале во пракса

Иако законот дозволува пријавување како дарител, спроведувањето на одредби ќе почне откако ќе се усогласат подзаконските акти.

·Македонија
Новиот закон за трансплантација е донесен, но дел од измените сè уште не заживеале во пракса

Новиот Закон за трансплантација е усвоен, но дел од неговите одредби сè уште не се применуваат затоа што треба да се донесат неколку подзаконски акти.

Што ќе донесе законот и што чека на регулативи

Со законот се предвидува секој граѓанин да може да се изјасни дали сака да биде дарител на органи, но примената на таа одредба е одложена додека не се доуредат неколку подзаконски акти. Здравствените власти очекуваат дека со новите законски решенија ќе се зголеми бројот на дарители и со тоа бројот на трансплантации.

Д-р Билјана Кузмановска – Национална координаторка за трансплантација: "Според новиот закон веќе го имаме она проширување до четврто колено, веќе имаме и медицински подготвени парови, чекаме на одобрување од етичката комисија при министерството за здравство и тие парови веќе може да се трансплантираат, значи веќе се зголемува фондот на дарители, а кога ќе бидат донесени подзаконските акти ќе стапи на сила и она доброволно пријавување на потенцијални дарители - се разбира според своја сопствена волја".

Податоците на здружението НЕФРОН покажуваат дека на листата на чекање за нов бубрег се околу 160 пациенти.

Трансплантациите од жив дарител се реализираат побрзо, додека пресадувањето органи од починати донори сè уште е ретко.

Душко Ѓоргиев – Здружение на пациенти со бубрежни болести - Нефрон: "Кадаверичната трансплантација кај нас е се уште во мал број и добар дел од пациентите не прават типизација затоа што свесни се дека за краток период не може да бидат трансплантирани, а некои од тие испитувања се повторуваат секоја година и затоа ние апелираме до пациентите да се прават типизациите, а до надлежните органи тие типизации да бидат бесплатни".

В годинава се извршени девет трансплантации на бубрег од жив дарител и седум од починат донор.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи