Почетна
Македонија

Обвинителството ја отфрли понудата на газдата на „Пулс“ Дејан Јованов

Јованов понудил шупа, плевна и други дивоградби како гаранција; обвинителството бара да му се забрани ослободување на 3 октомври.

·Македонија
Обвинителството ја отфрли понудата на газдата на „Пулс“ Дејан Јованов

Обвинителството ја отфрли понудата на газдата на дискотеката „Пулс“, првообвинетиот Дејан Јованов, да излезе од куќен притвор ако стави во залог помошни простории, шупа, плевна и други дивоградби, вклучително и такви што се предмет на извршување. Јованов е првообвинет во основното обвинение со 34 обвинети во случајот за катастрофалниот пожар.

"ДА НЕ МУ СЕ ДОЗВОЛИ НА ГАЗДАТА НА „ПУЛС“ ДЕЈАН ЈОВАНОВ ДА ИЗЛЕЗЕ ОД ПРИТВОР НА 3 ОКТОМВРИ, БАРА ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЗА ГОНЕЊЕ ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ КОЕ ПОБАРА И НОВ ПРИТВОР ЗА ДАВАЊЕ ПОТКУП ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА", соопштија обвинителите кои го застапуваат основното обвинение и ја отфрлија понудата за гаранции.

Денеска судија треба да одлучи за притвор по друг предмет

Денеска судија на претходна постапка треба да одлучи за нов притвор во друг предмет, поврзан со истрага за давање поткуп. Обвинителите го поврзуваат Јованов со наводен поткуп до обвинетиот Џевад Камбери од Министерството за економија, со цел да му бидат издавани лиценци за неисправниот објект-дискотека.

Пожарот во нелегалната дискотека „Пулс“ на 16 март 2025 година заврши со 63 загинати млади и деца и со повеќе од 200 повредени. Адвокатите на Јованов нуделе како залог помошни простории, шупа и плевна, како и други дивоградби, меѓу кои и објекти по кои веќе има извршни постапки.

Според досегашните мерки, Јованов треба да излезе од притвор на 3 октомври, освен ако судот не одлучи поинаку. Обвинителството побара судот да му го забрани ослободувањето и да донесе нова мерка притвор додека трае истрагата за поткуп.

Фото: СДК.МК)

Поврзани написи