Почетна
Македонија

Од лекување на сложени случаи до обука: Клековски најави поголема соработка со Србија

Средба во Белград за упатување на пациенти, заеднички стручни консултации и практична обука за македонските клинички тимови.

·Македонија
Од лекување на сложени случаи до обука: Клековски најави поголема соработка со Србија

Министерот за здравство, Сашо Клековски, беше во Белград каде оствари средба со министерот за здравство на Република Србија, Златибор Лончар, и ја посети Универзитетскиот клинички центар на Србија.

Договори за упатување, второ мислење и обука

На средбата беше отворено прашањето за натамошното лекување на повредените од Кочани, кои се упатуваат во српските здравствени установи во рамки на претходно постоечка иницијатива.

Во фокусот на разговорите се нашле продлабочување на соработката со референтните институции во Србија: упатување на пациенти за високоспецијализирана помош при сложени состојби, обезбедување второ мислење и стручни консултации преку заеднички тимови.

Договорено е и поттикнување партнерства меѓу референтните центри во Србија и клиниките во Скопје, со цел практична обука, стручни престои и менторство што ќе ја зајакнат домашната капацитетност за третман на сложени случаи.

Клековски имал средба и со в. д. директорката на Универзитетскиот клинички центар на Србија, проф. д-р Јелена Друловиќ, каде се разговарало за конкретни форми на соработка меѓу УКЦС и универзитетските клиники во Скопје – упатување пациенти, заеднички стручни консултации и стручни престои за македонските тимови.

Делегацијата ја посети Клиниката за неврологија со фокус на згрижување на лица со мозочни удари и Центарот за мултипла склероза, како примери на клинички практики што би можеле да се споделат преку обуки.

„Целта не е нашите пациенти да патуваат подалеку, туку знаењето да дојде поблиску. Тоа што денес за сложените случаи го бараме надвор, со заеднички тимови, обуки и менторство утре треба да го имаме дома“ — истакнал Сашо Клековски.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи