Почетна
Спорт

Одредени двојките и за новата сезона во Женската Прва лига

На работниот состанок во просториите на КФМ се потврдија осум екипи и беа извлечени паровите за почетокот на сезоната.

·Спорт
Одредени двојките и за новата сезона во Женската Прва лига

Кошаркарската федерација на Македонија одржа работен состанок со претставниците на клубовите — членки на Здружението на клубови од Женската Прва лига, на кој беа разгледани организациски и подготовителни прашања за натпреварувачката сезона 2026/2027.

Дефинирани система, осум екипи и ждрепка за првото коло

Состанокот се одржа во просториите на КФМ, каде што се дискутираше за системот на натпреварување, предлог-термини за почеток на сезоната и други прашања важни за непречено спроведување на првенството.

На состанокот е потврдено дека во новата сезона во Женската Прва лига ќе учествуваат осум екипи, кои ќе се борат за пласман и што подобар резултат во сезоната 2026/2027.

Претставниците на клубовите ги разменуваа мислењата и предлозите по однос на календарот и организацијата; тие предлози ќе бидат земени предвид од надлежните органи на КФМ при натамошните подготовки.

Во рамките на работниот состанок беше реализирана и ждрепката на натпреварувачките броеви, со која се формираа двојките за првото коло, предвидено да се одигра на 10/11 октомври 2026 година:

  • Вардар – Крива Паланка
  • Пробаскет – Бадел 1862
  • Гевгелија – Патриот
  • МЗТ Бела Вода – Баскет Кам

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи