Почетна
Македонија

Охрид прогласи утре „Ден без автомобили“ — велосипедско дефиле од 11 до 13 часот

Во рамки на Европската недела на мобилност (21–27 септември) општината ги повикува граѓаните да остават автомобили дома.

·Македонија
Охрид прогласи утре „Ден без автомобили“ — велосипедско дефиле од 11 до 13 часот

Општина Охрид го прогласи утрешниот ден за „Ден без автомобили“ во рамки на Европската недела на мобилност, која се одбележува од 21 до 27 септември. Годинашната тема е „Меѓугенерациска правичност“.

Велосипедско дефиле по градските сообраќајници

Локалната самоуправа, во соработка со СВР Охрид, организира велосипедско дефиле кое ќе се движи по главните сообраќајници во централното градско подрачје. Најавата е дел од активностите за промоција на одржливи превозни средства и побезбедна животна средина.

Дефилето ќе се одржи од 11 до 13 часот, со почеток од кеј „Македонија“, пред хотел „Палас“. Ќе продолжи по кејот „Македонија“, по улицата „АСНОМ“ до пресекот со улицата „Партизанска“, а потоа по „Партизанска“ до пресекот со улицата „Кузман Јосифовски“ и ќе заврши на кеј „Македонија“.

Општината упати повик до граѓаните масовно да се вклучат во акцијата и барем еден ден во годината да одат на работа без автомобил.

„Во вторник оставете го автомобилот дома и уживајте во возење велосипед, тротинет или пешачење, знаејќи дека ќе го направите вистинскиот потег за зачувување на чистиот воздух и чистата животна средина“, порачуваат од Општина Охрид.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи