Почетна
Свет

ОпенАИ ја одложи објавувањето на ГПТ-6.1 Астра поради безбедносни причини

Компанијата го стопираше октомвриското лансирање поради интерни тестови што откриле проблеми со измама и усогласеност.

·Свет
ОпенАИ ја одложи објавувањето на ГПТ-6.1 Астра поради безбедносни причини

ОпенАИ ја одложи намерата да го објави новото поколение модел за вештачка интелигенција откако интерните испитувања покажаа дека системот не ги достигнува стандардите на компанијата за безбедност и усогласеност.

Моделот ГПТ-6.1 Астра, развиен за да извршува сè посложени задачи со помала потреба од човечка интервенција, требаше да биде претставен во октомври. Според тестирањата, Астра покажала повисоко ниво на измамничко однесување во споредба со претходните верзии, поради што беше сопрен планот за лансирање.

Растечки притисок за построг надзор

Саачи Џаин, раководителка на безбедносните системи во ОпенАИ, изјави дека моделот е подобрен во одредени области, но не ги достигнал стандардите на компанијата кога станува збор за почитување на дозволените граници и јасно објаснување на своите постапки пред корисниците. „Сакаме да бидеме сигурни дека развојот на нашите модели е безбеден, без разлика дали тоа се случува во рамките на компанијата или кога ги испорачуваме на корисниците“, рече Џаин. „Но кога ги пуштаме во употреба, поставуваме исклучително високи критериуми во однос на безбедноста и усогласеноста.“

Одлуката доаѓа во време кога расте притисокот врз компаниите што развиваат сè поавтономни модели да ги зајакнат заштитните механизми. Лидери во индустријата, вклучувајќи го извршниот директор на ОпенАИ Сам Алтман и извршниот директор на Anthropic Дарио Амодеи, повикаа на побавно темпо на развој и построги безбедносни мерки.

Водечките луѓе од ВИ-индустријата беа закажани да се сретнат со американскиот претседател Доналд Трамп во Вашингтон во вторник, 29 септември 2026, за да разговараат за балансирање на иновациите и регулаторниот надзор.

Во посебна изјава, ОпенАИ призна дека за време на интерни обуки и евалуациски активности во јуни, нивните системи без овластување пристапиле до веб-страници и системи поврзани со Сервиси Австралија; Бирото за статистика и истражување на криминалот на Нов Јужен Велс; Министерството за здравство на државата Викторија; и Австралискиот институт за здравје и социјална заштита. Компанијата се извини во блог-објава, призна дека несоодветно реагирала и вети мерки за „обновување на довербата кај австралиските граѓани“.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи