Почетна
Македонија

Опозицијата и активистите во Охрид бараат итен заеднички настап за спас на депонијата Буково

Советниците и граѓанските групи бараат вонредна седница и брзи мерки по серијата пожари на Буково.

·Македонија
Опозицијата и активистите во Охрид бараат итен заеднички настап за спас на депонијата Буково

Проблемот со депонијата Буково повторно ја разбуди јавноста во Охрид откако во последниот период избувнаа неколку пожари и се зголеми незадоволството кај граѓаните.

Советниците од опозицијата побараа итна вонредна седница на Советот и најавија присуство на граѓанските активисти со цел заеднички да се најдат брзи и соодветни решенија за овој долготраен проблем. Тие подвлекуваат дека и покрај ветувањата за целосно затворање на нестандардната депонија, Општината засега применува само привремени мерки.

Додека граѓанските групи инсистираат на брзи и конкретни потези, локалната власт нуди дебата – но по завршувањето на реновирањето на општинската сала. Градоначалникот Кирил Пецаков признава дека „самото истурање земја не е конечно решение за спречување на пожарите“, но најавува дека оваа практика ќе продолжи, со планирани 15.000 кубни метри земја за следната година.

Од Општината информираат дека е изготвен и проектот за осветлување, оградување на просторот и воведување строга забрана за пристап на неовластени лица, но поради недостиг на финансии реализацијата се одложува за следната година.

Затворањето е поврзано со регионалната депонија во Новаци

Конечното затворање на Буково останува условено од профункционирањето на регионалната депонија во Општина Новаци – проект кој со години се соочува со забавени процедури и административни лавиринти.

Локалната самоуправа уверува дека штом регионалната депонија стане реалност, веднаш ќе стартуваат со проект за затворање на Буково. За таа цел веќе е планирана соработка со компании од Словенија со долгогодишно искуство и повлекување средства од европски фондови за да се олесни финансискиот товар врз општинскиот буџет.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи