Опозициските партии се изјаснија по предлогот на Мицкоски за вклучување во дијалогот со Бугарија
Дел од опозицијата одби учество и го нарече предлогот "циркус", додека други партии побараа внимателно разгледување.

Повикот на премиерот Мицкоски опозициските партии да се вклучат во дијалогот за евроинтеграциите различно го протолкуваа политичките опоненти. Од Бихаќка денеска категорични дека нема да бидат дел од таквите преговори и дека ова е, како што велат во реакцијата, само циркус за јавноста. Додаваат и дека токму Мицкоски е тој што треба да каже на каде ја води државата.
СДСМ: "Ние не учествуваме во циркузот Медрано, тоа го прават сателитите на Мицкоски . Мицкоски работи на изолација а не на интеграција . Реформите не се спроведуваат , европскиот пат е запрен заради Мицкоски и неговиот страв од сочување со одговорноста . Додека за другите земји има патокази , за извесно членство во ЕУ Македонија ја нема никаде . Не е прашањето што ќе направи опозицијата туку што ќе направи Мицкоски . Целата одговорност е кај Христијан Мицкоски ."
Различни оценки за намерата и времето
ДУИ велат дека секогаш се за евроинтегративните процеси, но дека предлогот треба внимателно да се продискутира и разгледа. "Секогаш сме подготвени да дадеме било каков придонес на патот кон евроинтеграциите - било да е од позиција на власти или опозиција . Сепак треба да се види какви се намерите на овој отворен повик и што сите заедно можеме да направиме ." во реакцијата за ТВ24.
Левица соопшти дека допрва ќе го разгледаат предлогот на партиско ниво и потоа ќе изграделе став. "Се уште немаме изградено став. Денес ќе го разгледаме предлогот на состанокот на партиските тела ."
Предлогот опозицијата да се вклучи во преговорите за евроинтегративните процеси вчера го изнесе премиерот Мицкоски на собраниската говорница како одговор на пратеничко прашање кое го поставија од Европскиот фронт. Во тој контекст тој додаде дека добро би било опозициските партии да се вклучат и во акцискиот план за малцинствата.
Реакциите ја илустрираат постојаната поделба меѓу партиите околу пристапот кон пристапните преговори со ЕУ — додека некои партии остро ги одбиваат предложените средби, други бараат појаснување за намерата и опсегот на иницијативата.
Фото: прес-материјал од настанот


