Општина Кисела Вода ги повика граѓаните вечерва во 22:00 да ги затворат прозорците
Општината апелира жителите да ги затворат прозорците и вратите додека трае наземното прскање, од 22:00 до полноќ.

Општина Кисела Вода преку социјалните мрежи ги извести граѓаните дека вечерва (четврток, 30 јули) ќе спроведе акција за прскање против комарци на целата територија на општината.
Прскањето е закажано од 22:00 до 00:00
Од локалната самоуправа ги повикаа граѓаните во тој период да ги затворат прозорците и вратите во домовите, со цел мерката да се изврши безбедно.
„Акцијата ќе се реализира во периодот од 22:00 до 00:00 часот, а од локалната самоуправа апелираат до граѓаните, доколку се во можност, во тој временски интервал да ги држат затворени прозорците и вратите, со цел прскањето да се изврши безбедно и ефикасно“, велат од Општина Кисела Вода.
Во соопштението не е наведено зошто е избран токму тој термин и зошто прскањето не е планирано подоцна во ноќта, кога ќе попушти горештината и обично повеќе домови ќе имаат затворени прозорци.
Исто така е најавено дека рано наутро ќе биде извршено и прскање од воздух над Скопје, насочено кон возрасните комарци, во четврток и петок.
Општината ги повикува граѓаните да ги почитуваат упатствата и, доколку е можно, во означениот временски интервал да ги држат прозорците и вратите затворени.
Фото: илустрација / архива