Почетна
Македонија

Организаторите на „Платформата 12:05“ бараат незастарливост и конфискација на противправно стекнат имот

Организацијата предлага и зголемување на казните до 15 години и посебен закон за стекнување на имот за да се спречи меѓусебната амнестија меѓу власт и опозиција.

·Македонија
Организаторите на „Платформата 12:05“ бараат незастарливост и конфискација на противправно стекнат имот

Организаторите на „Платформата 12:05“ побараа незастарливост на кривичниот прогон и конфискација на противправно стекнат имот за кривични дела сторени од избрани и именувани лица, како и од јавни и државни службеници во централната и локалната власт кои располагаат со буџетски средства и државен капитал.

Тие во предлог за нов Кривичен законик наведуваат пакет мерки кои, како што објаснуваат, треба да испратат јасна порака дека нема да има ниту јавна ниту скриена амнестија за политичари.

Клучни барања

Меѓу главните предлози е незастарливост на кривичниот прогон, проширување на можностите за конфискација на противправно стекнат имот, зголемување на максималните казни до 15 години и донесување посебен закон за стекнување на имот за да се сопре, како што велат, меѓусебната амнестија на власт и опозиција.

"Незастарливост на кривичниот прогон и конфискацијата на противправно стекнат имот и за кривичните дела сторени од сите избрани и именувани лица како и од јавни и државни службеници во централната и локалната власт кои располагаат со буџетски средства и државен капитал а кои со незаконито однесување и политичка корупција стекнале противправна имотна корист, бараат организаторите на "Платформата 12:05" во новиот Крувичен закник .Според нив со ваква законска интервенција ќе се испрати јасна порака дека никогаш повеќе нема да има ниту јавна ниту скриена амнестија за политичари."

Организаторите предупредуваат дека декларативните изјави за каење или најавите за селективни регулативи не го менуваат сомнежот за политички договори. "Тоа што едни наводно изразуваат каење и ги оценуваат измените на Кривичниот законик во 2023 како грешка, а другите сега популистички најавуваат нова казнена регулатива која наводно ќе важела само за сегашните нивни функционери, а не и за претходните, не ја менува горчливата правосудна реалност. Мнозинството граѓани со право се сомневаат дека меѓу актуелната власт и опозиција постои договор за меѓусебна амнестија. Да не заборавиме дека измените на Кривичниот законик во септември 2023 се усвоија во итна постапка, водена со ЕУ знаме, немаше ниту еден амандман од тогашната опозиција која направи кворум на гласањето, указот беше веднаш потпишан од тогашниот претседател на државата, велат организаторите на "12:05""

"Нема никаква дилема дека со скандалозните измени на Кривичниот законик од 2023 дел од политичарите - пазарџии и објавија војна на правдата во Македонија. Заради иднината на државата сметаме дека е дојдено крајно време од декларативни заложби да се премине на дела. Тоа и го должиме на актуелната младина и на генерациите кои доаѓаат. Корумпираните политичари без разлика на етничка, верска и партиска припадност мора да одговараат и покрај скандалозните измени на Кривичниот законик во 2023", велат организаторите на "Платформата 12:05"

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи